Оксфорд: Бебињата кои се дојат подолго, се поинтелигентни

Истражување спроведено во Универзитетот Оксфорд посочува дека кај бебињата кои се дојат подолго, нивото на интелигенција подоцна е повисоко.



Научниот труд опфатил повеќе од 7.800 британски деца кои биле доени помалку од два месеци, па два до четири месеци, четири до шест месеци или повеќе од една година. Истражувачите велат дека оние деца кои доеле најдолго – повеќе од година, подоцна покажале најдобри резултати во тестовите за говор на 14-годишна возраст, во споредба со децата кои не биле доени така долго.

– Овие резултати би можеле да бидат загрижувачки за жените кои не доеле или не биле во можност да дојат. Затоа е важно да се поддржат жените кои сакаат да дојат, вели д-р Рене Переира-Елијас, одговорна за трудот.

Доењето е поврзано со зголемување на интелигенцијата кај децата дури и кога се имаат предвид факторите интелигенција на нивната мајка и социо-економските околности.

Извор:  МИА
Објавена на 03.06.2022 13:20:46