Кејт Мос во одбрана на Џони Деп: Не е точно дека ме турнал по скали!

Поранешната девојка на Џони Деп, супермоделот Кејт Мос, застана во негова одбрана за време на судењето против Амбер Херд.

Британската манекенка пред поротата сведочеше дека Деп никогаш не бил насилен со неа, не ја удрил ниту пак ја бутнал по скали, како што претходно беше наведено од страна на Амбер.

-Излегувавме од собата, со тоа што Џони излезе пред мене. Бидејќи имаше дожд, како што ја напуштав собата се слизнав по скалите. Го повредив грбот. Вреснав на цел глас бидејќи не знаев што ми се случи, изјави Мос и додаде дека Џони дошол со трчање, ја кренал во раце и ја однел во соба.
Мос и Деп, беа во врска од 1994 до 1997 и важеа за една од најкултните двојки на деведесетите. Адвокатскиот тим на актерот беше видно задоволен, откако Амбер Херд се повика на гласина, дека Деп бил насилен и со Кејт Мос и во една прилика ја турнал по скали. Тоа им даде можност да ја повикаат Мос како сведок кој што би можел лично да ја расветли целата вистина за случувањата.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 25.05.2022 15:46:39