ФОТО: Стоечки овации за неповторливите „Dead can dance”

Повеќе од три децении, култното дуо „Dead can dance” ја маѓепсува публиката низ светот со својот уникатен звук и визуелен перформанс. Деновиве и Скопје имаше можност да ужива во неповторливата изведба на Лиза Џерард и Брендан Пери, кои приредија вистинско шоу на сцената на Филхармонија.



Во живо имавме можност да се увериме во убавината на овој музички феномен, чија невројатно моќна емоција е проткајана во секоја нота од нивните дела.

„Dead can dance” зад себе имаат осум студиски и три албуми во живо, како и многу успешни светски турнеи.

И повеќе од јасно е зошто, никој не може да остане рамнодушен пред опојната мешавина на музички влијанија и енигматскиот звук кој е карактеристичен за нив. Стоечките овации, се само доказ повеќе дека македонската публика остана воодушевена пред овој неверојатен настап.

Фото: З.А

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 25.05.2022 14:10:14