Војвотката од Кембриџ ја засени холивудската елита

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, ја засени холивудската елита на лондонската премиера на Top Gun: Maverick.



Мидлтон, заедно со својот сопруг, принцот Вилијам, беше пречекана од ѕвездата на филмот, Том Круз. Сепак и покрај многуте филмски ѕвезди кои се најдоа на црвениот тепих, војвотката беше онаа кон која беше свртено целото внимание.

За оваа прилика таа избра црно-бел фустан од Roland Mouret, кој го искомбинира со чанта од Alexander McQueen и дијамантски накит од Robinson Pelham во вредност од 10 илјади фунти.

И додека принцот Вилијам изгледаше малку срамежливо, неговата сопруга, беше како риба во вода, која совршено се вклопи во целиот холивудски гламур.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 20.05.2022 10:45:34