Омнибус

Американец изел над 32.000 „Биг мек“ хамбургери

Маж од Висконсин (САД) влезе во Гинисовата книга на рекорди како човек кој изел најмногу „Биг мек“ хамбургери во животот – дури 32.340 сендвича.



Иако многумина би можеле да се пофалат дека изеле повеќе „Биг мек“ хамбургери во животот, ништо не се споредува со напорите на 68-годишникот Доналд Горске кој од 1972 година јаде барем по еден „Мекдоналдс Биг мек“ секој ден, а во просечно – по два на ден. Тој првпат ја освои таа титула за најмногу издени хамбургери во 1999 година, па оттогаш само го надминува својот рекорд.

– Возев директно до Мекдоналдс, ги зедов моите први три Биг Мек, потоа се качив во автомобилот и ги изедов. Во тој миг си реков: „Веројатно ќе го јадам ова до крајот на мојот живот“. Ги фрлив картончињата на седиштето и почнав да ги бројам од првиот ден, раскажува тој.

Во раните денови, тој јадел и до девет хамбургери на ден, но неговата евиденција забележува дека јаде просечно по два секој ден.

Извор:  МИА
Објавена на 19.05.2022 14:15:46