Ева Лонгорија во полн сјај за премиерата на ,,Top Gun: Maverick” во Кан

Холивудската актерка, Ева Лонгорија Бастон, блесна во полн сјај на црвениот тепих во Кан.

Поранешната очајна домаќинка, беше дел од премиерата на ,,Top Gun: Maverick” на Канскиот филмски фестивал, каде ја видовме во креација на дизајнерката Кристина Отавиано.

Сребрениот фустан, кој што одлично ја истакна силуетата на Лонгорија, беше надополнет со накит од Chopard Jewelry и високи потпетици во истата боја.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 19.05.2022 10:22:19