Обожавателите загрижени: Бритни Спирс повторно гола на Инстаграм

Бритни Спирс повторно е слободна да прави што сака и во целост да располага со своето богатство, но нејзините обожаватели не се убедени во тоа дека пејачката се наоѓа во добра ментална состојба.



Спирс, која пред некое време соопшти дека е бремена, пак започна да постира стари фотографии на кои е целосно гола.

Нејзината фан база на Instagram, што брои околу 42 милиони фанови, е загрижена поради однесувањето на пејачката. Спирс и претходно постираше вакви фотографии со цел да ја истакне радоста од новостекната слобода, но сега голотијата изгледа повеќе како очаен обид за внимание, отколку симболично одбележување на промените во нејзиниот живот.

Многумина се сомневаат дека Бритни не е во добро ментално здравје и дека нејзиниот сопруг треба да се погрижи за тоа што објавува на Instagram.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 10.05.2022 10:44:19