Погледнете го трејлерот за Avatar: The way of water

Долгоочекуваниот трејлер за Avatar: The way of water конечно е тука!



Трејлерот, кој ексклузивно беше пуштен низ кината заедно со премиерата на Doctor Strange in the Multiverse of Madness, сега може да се погледне и онлајн.

Продолжението на еден од најпопуларните блокбастери од пред повеќе од една деценија, ги следи настаните од првиот дел. Во Avatar: The way of water, ја следиме приказната на семејството Сали, неволјите со кои што треба да се справат, битките во кои треба да останат живи и трагедиите кои треба да ги преживеат.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 10.05.2022 10:17:15