Андреа: Се извинувам уште еднаш од сѐ срце!

Македонската евровизиска претставничка, Андреа Коевска, се најде во центарот на скандал откако за време на фотографирањето во Торино на земја го фрли државното знаме што предизвика остра реакција во јавноста.



Пејачката вечера за извини за својата непромислена постапка, а денес уште еднаш го повтори извинувањето на својот FB профил.

-Сакам на сите уште еднаш со цела почит да ви се обратам.
Навистина ми е жал за сето ова што се случува. Се извинувам на сите за непромислената и брза одлука, намерата не ми беше лоша. Напротив, со голема љубов и гордост го носам знамето овие денови. Самото тоа што сум тука е чест за мене да ја претставувам Македонија и тоа навистина сакам да го направам со достоинство. Многу сум благодарна што сум тука во Торино и што со гордост ја претставувам нашата земја. Се извинувам уште еднаш од сѐ срце, а македонското знаме ќе продолжам да го веам гордо како до сега, така и наредните денови, вели Коевска.

Во меѓувреме се огласи и шефицата на македонската евровизиска делегација, Мери Попова, која за ,,Нова Македонија” изјави дека инцидентот со Андреа воопшто не е злонамерен, туку е ненамерна ситуација која настанала во целата еуфорија.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 09.05.2022 13:42:27