Омнибус

„Google Maps“ забележа остров кој не постои

Остров во јужниот Тихи Океан којшто можеше да се види на „Google Maps“ ги збуни и научниците кои истражуваа што има таму. Имено, истражувачите не успеале да најдат ништо, пишува „Мирор“.



Чудниот појас копно, познат и како „Sandy Island”, долго време е мистерија. Се работи за темна точка меѓу Австралија и Нова Каледонија, која на „Google Earth“ беше различна од другите oкoлни острови.

Но, истражувачите не пронашле ништо друго освен морски бранови, како и дека длабочината на океанот таму е повеќе од 1.400 метри и заклучокот гласи дека е невозможно да се крие нешто под вода што би било видливо.

– Сакавме да го провериме тоа, бидејќи навигациските карти на бродот покажаа длабочина на вода од 1.400 метри во областа, што е прилично длабоко. Тоа се појави на „Google Earth“ и други мапи, па отидовме да провериме и – немаше остров. Ние сме навистина збунети, ова е прилично бизарно, вели Марија Сетон од Универзитетот на Сиднеј.

Извор:  МИА
Објавена на 06.05.2022 11:20:02