Софи Тарнер сака да се врати во Англија

Ѕвездата „Game of Thrones“, Софи Тарнер, сака да се пресели во својата родна Велика Британија.



Во изданието на „ELLE UK“ од јуни 2022 година, Тарнер ги наведува многуте причини поради кои е заинтересирана да се врати и да ги одгледува своите деца со сопругот Џо Џонас во својата земја.

– Многу ми недостига Англија. Луѓето, ставот, сѐ! Полека „го влечам“ мојот сопруг назад. Навистина сакам да живеам во Америка, но за моето ментално здравје морам да бидам близу пријателите и моето семејство, изјави Тарнер.

Таа, исто така, би сакала и ќерка ѝ да го добие училишниот живот каков што таа имала.

Засега домот на Тарнер и Џонас е на Флорида. Но, актерката успева да донесе „малку од Англија“ и во Мајами.

– Купувам работи од британскиот пазар. Во Соединетите Држави, чоколадото не е добро, а ни чипсовите не се добри. Не е исто!, нагласи таа.

Тарнер и Џонас почнаа да се гледаат во 2016-та а се свршија следната година. Во 2019-та се венчаа на две посебни свечености, од кои едната во Париз. Своето прво дете – 1,5-годишната ќерка Вила, ја добија во 2020-та година. Сега го очекуваат своето второ заедничко дете.

– Тоа е смислата на животот за мене – подигање на следната генерација. Најголемото нешто во животот е да ја видам ќерка ми како чекори цврста и силна. Многу сме возбудени што ќе го прошириме семејството. Тоа е најдобриот благослов досега, додаде таа.

Извор:  МИА
Објавена на 05.05.2022 10:27:15