Ново издание на најпознатата песна против кралицата

Антолошката панк-рок „химна“ „God Save The Queen“ на групата „Sex Pistols“, ќе биде преиздадена во бројно-ограничено издание, по повод платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета  Втора 45 години откако предизвика скандал во Велика Британија.

Антимонархистичката песна, чиишто остар текст ги потпиша пејачот на бендот, Џони Ротен, беше објавена 1977 година, кога кралицата го прослави својот сребрен јубилеј – 25 години на британскиот престол. Инаку, стиховите зборуваат за кралицата како „нечовечко суштество“ и го нарекува нејзиниот режим – фашистички. Песната тогаш беше забранета на радиотелевизијата BBC.

Но, тоа само ја направи уште попопуларна и таа заврши на второто место на официјалните музички сингл-листи.

– Како човечко суштество, мене би ми недостасувала на светов… Не е таа виновна што е родена во златен кафез, изјави 66-годишниот панк-ветеран Џон Лидон во една прилика.

– Нека живее долго. Не сакам таа да владее, но нека живее долго, додаде тој.

Неколку илјади плочи ќе бидат пуштени во продажба на 27 мај, и таа ќе ги вклучува двете оригинални изданија на песната, за продуцентските куќи „Virgin“ и „IDM“.

Извор:  МИА
Објавена на 04.05.2022 11:47:29