„Hold My Hand“: Лејди Гага ја објави моќната балада за „Top Gun: Meverick“

Лејди Гага официјално ја објави својата нова песна, моќна балада наречена „Hold My Hand“ која ќе биде дел од саундтракот на филмот „Top Gun: Meverick“.

-Кога ја напишав оваа песна за Top Gun: Maverick, не ги сфатив многуте слоеви низ кои таа се протега низ срцето на филмот, мојата психа и природата на светот во кој живееме, сподели Гага и додаде дека создавањето на песната за продолжението на Top Gun било долг процес.

-Работев на тоа со години, го усовршував, се обидував да го направам наше. Сакав да направам музика во песна во која ја споделуваме нашата длабока потреба да бидеме разбрани и да се обидеме да се разбереме - копнеж да бидеме блиски кога се чувствуваме толку далеку и способност да ги славиме животните херои, додава пејачката.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 04.05.2022 11:34:53