Омнибус

Новиот изглед на ,,Domacica” колачите предизвика лавина коментари

Едни од најпознатите производи на компанијата ,,Краш”, култните колачи ,,Domacica” деновиве имаа мала промена на изгледот, па сега кон името ,,Domacica” стојат и најразлични занимања како „адвокатка“, „менаџерка“, „правничка“, „програмерка“ итн.



-Со нашата нова кампања целиме да ја подигнеме јавната свест за важноста и сложеноста на обврските во домаќинството кои жените најчесто ги преземаат и да ја подигнеме свеста дека грижата за домаќинството е заедничка работа на сите членови на домаќинството. Првиот чекор на кампањата е да ја ставиме ,,Domacica” на полиците во специјално издание“, соопштиja од „Краш“.

Ваквиот потег го подели мислењето на јавноста. На некои им се допадна идеја, додека други сметаат дека потегот е погрешен. Критиките најмногу се однесуваат на тоа дека кампањата која навидум  изгледа како еманципаторска, во суштина прво ја сведува жената на домаќинка, а потоа на се друго.

Кое е вашето мислење?

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 03.05.2022 12:26:54