Мет гала 2022: Вечер на раскошни креации и холивудски гламур

Гламур, драма и провокативност...Впрочем и што друго би очекувале на најважниот моден настан на годината, фамозната Мет гала, што традиционално се одржува во Метрополитен музејот во Њујорк.

Овогодинешната тема на вечерта ,,In America: An Anthology of Fashion”, по се изгледа дека беше мошне инспиративна за познатите, кои зачекорија на црвениот тепих во полн сјај и раскош.

Прва која ја вжешти атмосферата со својата провокативна појава, беше сексапилната Ванеса Хаџинс во бохо креација од Mochino, под која се наѕираше долната облека.

Црната боја и впечатливата шминка беа полн погодок за 33 годишната актерка.

Блејк Лајвли, која важи за своевидна кралица на Мет Гала вечерта и овој пат не потфрли во својот моден избор.

 Креацијата од Atelier Versace беше трансформирана пред очите на публиката, па она што на почетокот изгледаше како гламурозен розово златен фустан со голема панделка, за кратко се претвори во драматична креација во мраз сина боја.



Ким Кардашијан влезе во историјата како жената која го носеше 5 милионскиот фустан на Мерлин Монро по 60 години откако е создаден.

Станува збор за креацијата која атрактивната Монро ја носеше на роденденот на Џон.Кенеди. Кардашијан призна дека кога за прв пат го добила фустанот воопшто не можела да го облече, па било потребно значително да ја намали својата тежина.



Освен Ким, оваа година на црвениот тепих, за прв пат можевме да ја видиме и нејзината сестра Клои која го имаше своето деби на овој моден настан. За разлика од Кортни и Кајли чии креации не поминаа баш добро кај модните критичари, Клои може да се пофали дека направила правилен избор.

Во прилог погледнете како беа облечени дел од преостанатите ѕвезди од А листата.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 03.05.2022 10:35:36