Поздрава верзија на вашата омилена брза храна

Честото консумирање брза храна може да доведе до многубројни здравствени проблеми. За да се избегнат, има неколку начини како да ја направите оваа храна поздрава

Хамбургер



За почеток, не треба да се претерува со масло додека се пече месото и умерено со сосовите. Не се става ниту премногу кашкавал, а плескавицата може да се збогати со повеќе зеленчук. Исто така, лебот може да се изостави, а да се користат само листови зелена салата.

Јаглехидрати

Тестенини, леб, ориз, тортиљи… Сите овие намирници често се наоѓаат во оброците. Советот тука гласи – лебот се прескокнува (или намалува) и се избира храна со цели зрна, бидејќи тие се богати со растителни влакна. Ова позитивно ќе влијае на варењето, а човекот подолго време се чувствува сит, па и консумацијата е помала од вообичаено.

Пица

Наместо класично тесто, се препорачува пица од карфиол – со многу зеленчук и да не се претерува со сирење. Друга можност е да се користат тортиљи наместо тесто за пица.

Пржена храна

Компири, рибји стапчиња, пилешки медалјони, похувано сирење… Сите овие пржени јадења не се којзнае колку хранливи, но се многу калорични. Ваквата храна треба да се подготвува во во рерна, бидејќи на тој начин ќе биде помалку калорична.

Десерти

И десертите може да се подготват на поздрав начин. Пред сѐ, млечното чоколадо се заменува со црно. Тоа има повеќе хранливи материи и позитивно делува на организмот, но секако, важно е и тоа да биде во умерена количина.

Извор:  МИА
Објавена на 26.04.2022 12:27:53