Тухел: Лукаку да го следи примерот на Тимо Вернер

Тренерот на Челзи, Томас Тухел, откри што треба да направи напаѓачот Ромел Лукаку за да си го подобри статусот во тимот.



– Лукаку треба да го направи тоа што го направи Тимо Вернер кога с енаоѓаше во слична ситуација на неговата. Мора да почека и да биде трпелив, да работи напорно и да го стави тимот на прво место. Тој мора да му помогне на Челзи, тоа може да го направи за неколку секунди, го цитира Тухел „Goal.com“.

Белгиецот оваа сезона настапи на 36 натпревари и постигна 12 гола.

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 85 милиони евра. Се шпекулира дека Лукаку ќе го напушти Челзи на лето.

Извор:  МИА
Објавена на 18.04.2022 10:00:42