Сезоната предвреме заврши за Педри

Младата ѕвезда на Барселона, Педри, ја заврши сезоната поради повреда на бутниот мускул, а рехабилитацијата ќе трае повеќе од еден месец.

Педри се повреди при крајот на првото полувреме на вчерашниот реванш четвртфинален натпревар во Лига Европа против Ајнтрахт Франкфурт, кој со вкупен резултат 4-3 ја елиминираше Барселона.

Тренерот Чави во вториот дел го замени Педри со холандскиот играч за врска Френки де Јонг.

– Утринските тестови покажаа дека Педри го истегнал бутниот мускул, соопшти попладнево каталонскиот клуб.

Шпанските медиуми јавуваат дека 19-годишниот играч за врска ќе отсуствува од теренот најмалку еден месец.

Извор:  МИА
Објавена на 15.04.2022 17:01:30