Вавринка нема да игра во Мадрид

Поранешниот светски рекет број 3, Стен Вавринка се повлече од Мастерсот во Мадрид, кој започнува на 1 мај.



Швајцарецот не е задоволен од својата физичка подготовка и сака да се концентрира на тренинзите пред настапите во Рим, Женева и во Париз на „Ролан Гарос“.

Трикратниот грен слем шампион беше една година надвор од терените поради проблеми со стапалото. Во првите два меча по враќањето, Вавринка доживеа два пораза.

Извор:  МИА
Објавена на 14.04.2022 11:01:12