Бензема го презема водството во трката за „Златната топка“

Фудбалерот на Реал Мадрид, Карим Бензема се наоѓа водечката позиција во борбата за Златната топка, објави „Goal“.

Како што е наведено, Французинот изби пред полскиот напаѓач на Баерн, Роберт Левандовски, кој минатата година заврши на второто место, губејќи од Лионел Меси.

Други кандидати за наградата се: Мохамед Салах (Ливерпул), Килијан Мбапе (ПСЖ), Лука Модриќ (Реал Мадрид), Садио Мане (Ливерпул), Кевин де Брујне (Манчестер сити) ), Винисиус (Реал Мадрид), Фил Фоден ( Манчестер сити) и Трент Александер-Арнолд (Ливерпул).

Да потсетиме, на првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Челзи (3:1), 34-годишниот Бензема постигна хет-трик. Тој стана четвртиот играч во историјата на турнирот кој ја надминал границата од 80 гола (сега има 82).

Извор:  МИА
Објавена на 12.04.2022 15:14:12