Покетино им се обрати на навивачите во пресрет на пресметката со Марсеј

Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино им се обрати на навивачите пред натпреварот против Марсеј во 32. коло од Лига 1.



– Натпреварот против Марсеј е посебен. Навивачите може да бидат незадоволни, ние нормално третираме критики. Се надеваме дека во следниот натпревар нашите навивачи ќе ја поддржат екипата. Ќе дадеме се од себе за да победиме. Неопходно е да се одржи имиџ на силен ПСЖ, изјави Покетино за „Goal“.

Натпреварот ПСЖ – Марсеј ќе се одигра на 17 април.

Парижаните со 71 бод се на 1. место во поредокот, Марсеј е втор со 59 освоени бода.

Извор:  МИА
Објавена на 12.04.2022 15:11:45