Рамос има намера да игра до 40-годишна возраст

Дефанзивецот на Пари Сен-Жермен, Серхио Рамос изјави дека засега нема намера да го напушти професионалниот фудбал. Според 36-годишниот Шпанец, тој сака да игра на врвно ниво до 40 години.

– Би сакал да одиграм уште 4-5 години на високо ниво, а потоа да добијам ново искуство. Ќе се обидам две години во ПСЖ да ги претворам во три, а потоа ќе видиме што ќе се случи понатаму. Се додека ми дозволува физичката кондиција, мислам дека ќе се концентрирам на тоа, рече Рамос во интервју за „Prime Video Sport France“.

Договорот на Рамос со ПСЖ истекува во летото 2023 година.

Во тековната сезона фудбалерот одигра седум натпревари за ПСЖ во сите натпреварувања, на кои постигна е ден гол.

Извор:  МИА
Објавена на 12.04.2022 15:08:57