Левандовски се договори со Барселона на три години

Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски се договори за соработка со Барселона. Послкиот фудбалер од следната сезона ќе игра за каталонскиот клуб. 33-годишниот Левандовски ги договорил условите за трансфер, објави „TVP Sport“.



Одлуката да не го продолжи договорот со Баерн, Левандовски веќе ја соопштил на раководството на клубот од Минхен. Актуелниот договор е до летото 2023 година.

Претходно имаше информации дека Баерн бара 65 милиони евра за напаѓачот, но со вклучување на други играчи во трансферот, сумата може да се намали.

Во сезоната 2021/22, Левандовски постигна 46 гола на 40 натпревари за баварскиот фудбалски гигант.

Извор:  МИА
Објавена на 11.04.2022 15:52:21