Здравствените експерти велат дека стресот доаѓа со некои изненадувачки симптоми - од заборавеност до гадење, па до кожни осипи. Еве какви сè сигнали кои е тешко да се игнорираат ви испраќа телото кога е под стрес и како да се справите со нивните ефекти:
1) Главоболка
Првиот знак дека сте под стрес е главоболката, која може да биде предизвикана од „секојдневни иританти“ како што се лошиот сообраќај, драма на работното место и сл. Таа вообичаено е проследена со други симптоми како стегање на вилицата или вкочанетост на мускулите.
Најдобриот начин да се третира ваквата главоболка е правилно менаџирање на стресот, но доколку таа почне да влијае на секојдневниот живот задолжително побарајте медицинска помош.
2) Промена во либидото
Уште еден симптом на стресот е промената на либидото која ве прави помалку (или воопшто) заинтересирани за секс.
3) Кожни осипи
Стресот може да предизвика осип, најчесто во вид на црвени дамки на стомакот, грбот, рацете или лицето. Иако не се знае точната причина за ова, некои експерти сметаат дека тие се предизвикани од имунолошкиот систем кој испушта хистамин.
Затоа, следниот пат кога ќе почувствувате дека нивото на стрес ви се зголемува, ставете ја десната рака над папокот и дишете длабоко 5 до 10 пати во текот на денот.
4) Вкочанети мускули
Стресот влијае на мускулоскелеталниот систем што резултира со контракција и/или спазам на мускулите.
За да се справите со ваквите симптоми, длабокото дишење помага, како и масажа на вкочанетите мускули (најчесто на вратот).
5) Треперење на окото
Оваа состојба е позната како блепароспазам, за која помага затворање на очите и визуелизирање на нешто позитивно или некоја локација која ве прави среќни.
6) Кариес
Стресот може да ја предизвика оваа состојба на забите како резултат на стегање на вилицата и постојано триење на забите едни од други во текот на денот или ноќта.
Оваа лоша навика ги оштетува забите правејќи ги повеќе подложни на кариес, а во некои хронични случаи може да доведе и до нивно губење.
7) Гадење
Стресот го вознемирува желудникот, што резултира со гадење.
8) Поспаност
Хормоните на стрес го тераат телото да се преполни со адреналин по што следи нагло „паѓање“ кое резултира со поспаност.
Лек за ова е да легнете порано, или во тек на денот да дремнете околу 30-тина минути.
9) Заборавеност
Истражувањата покажуваат дека хроничниот стрес буквално може да ја намали големината на хипокампусот, кој е одговорен за некои од мемориите. За среќа, неговата големина се враќа во нормала откога нивото на стрес ќе се намали.
За да ја одржувате функционалноста на мозокот на оптимално ниво, борете се со првите знаци на стрес со физичка активност – излезете на прошетка, танцувајте, трчајте по скали или на патека, одете во теретана и сл.