Футурама

Бесплатен роаминг од Телеком за навивачите во Португалија!

По неверојатната победа над Италија, македонските фудбалери на 29 март во Порто играат историски натпревар против Португалија за пласман на светското првенство во Катар.



Македонска навивачка група во Португалија од срце ќе навива и ќе ги бодри македонските фудбалери. За сите навивачи и за фудбалерите во Португалија на 29 март, Македонски Телеком ќе обезбеди бесплатен роаминг, бесплатни разговори и СМС пораки и 3GB бесплатен интернет. Да навиваме за Македонија без граници!

Португалија со Роналдо, Жота, Силва можеби е фаворит на хартија, но нашите фудбалери покажаат големо срце, прожртвуваност на натпреварот со Италија, и нè убедија дека се е можно во фудбалот.

Возбудата и радоста е огромна! Овие неколку дена го живееме нашиот фудбалски сон, и сме само на еден чекор до Светското во Катар! Нашите фудбалери ни покажаа зошто фудбалот е најдобрата споредна работа на светот, и дека и невозможното се случува. Да ја поддржиме сите заедно репрезентацијата, да навиваме и да посакаме успех.

Да испишеме нова фудбалска историја!

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 28.03.2022 15:52:05