Футурама

Три тони отпад ќе падне на Месечината

Околу три тони вселенски отпад – остатоци од ракети, непланирано ќе се судрат со Месечината, создавајќи масивен кратер и ќе кренат прашина од нејзината површина. Некои научници веруваат дека ѓубрето се движи во Вселената откако Кина ја лансираше својата прва мисија во 2014 година.



Стручњаците веруваат дека вселенското ѓубре ќе падне на подалечната страна на Месечината, која не е покриена со телескопи, со брзина од 9.300 километри на час. Ќе бидат потребни седмици, а можеби и месеци за да се потврди ударот со сателитски снимки.

Според некои познавачи, отпадот потекнува од Кина, што Пекинг го негира.

Астрономот Бил Греј од САД, кој следи астероиди, тврди дека е сигурен дека се работи за кинеска ракета. – Не гледам како тоа би можело да биде нешто друго, смета тој.

Научниците мислат дека остатоците ќе направат кратер длабок 10 до 20 метри на површината на Месечината. А, бидејќи речиси и нема атмосфера, нашиот природен сателит и нема одбрана од судир со метеори, астероиди или други објекти кои би можеле да го погодат. Поради овие услови, нема ниту ерозија, така што кратерите остануваат така засекогаш.

Извор:  МИА
Објавена на 03.03.2022 11:29:42