Омнибус

Турчин позитивен на коронавирус веќе 14 месеци

Најпозитивниот човек живее во Турција. За жал, не само според наравот, туку во однос на коронавирусот – Музафер е позитивен веќе 14 месеци или 78 последователни тестови, па тој веќе и се шегува за тоа.



– Претпоставувам дека ова е женска верзија на Ковид, бидејќи „таа“ е опседната со мене. И има топол дом бидејќи имам големо срце, вели тој. Кога првпат се заразил, Музафер (56) мислел дека ќе умре. Дошол до едвај 50 килограми телесна тежина, а бидејќи боледува од леукемија, секое дополнително слабеење на имунитетот му отежнува. Повеќе од една година подоцна, заразата сè уште ја има, но и тој солидно се држи.

– Дојдовме до точка каде што болеста или ќе исчезне или ќе оди со мене вo гроб. Нема друг начин, изјави Музафер Кајасан. Имунокомпромитирани пациенти се изложени на поголема опасност од продолжена инфекција. Секој четврти заболен од леукемија не произведува антитела дури и по две дози од вакцината, според д-р Чагри Буке.

– Не можеме со сигурност да кажеме дали вирусот е сè уште активен или не, но има 99 отсто можност да не е активен и затоа не е заразен, рече тој. Сè додека тестовите се позитивни, Музафер не може да се вакцинира, но негова најголема желба во мигов се малку поблаги мерки на изолација.

Извор:  МИА
Објавена на 15.02.2022 13:50:47