Омнибус

Кровни градини, идеално еко решение за секоја куќа

Домот е свето прибежиште на секое семејство. Место каде го поминуваме најголемиот дел од нашето време, каде наоѓаме мир и топлина, каде се опуштаме. Во последно време се почесто се зборува за енергетска ефикасност и употреба на кровни градини со цел да се постигнат заштеди на енергија, псобено денес во услови на енергетска криза, и поскапувањe на струјата.



Во тој контекст архитектите покрај на дизајнот и архитектонското решение, особено внимание посветуваат на функционалностите кои еден објект треба да ги обезбеди, имајќи во предвид дека повеќе од 25% од топлината на грејните тела во домот може да се изгуби од покривот?

Денес модерната архитектура ни дава примери за куќи без ѕидови, но нема куќа без кров. А во последно време посебно во градските средини се почесто сме сведоци на кровни градини. Тие се одлична термичка изолација на објектот, ја задржуваат топлината во текот на зимата, а во лето го ладат просторот. Обезбедуваат намалена потрошувачка на енергија!



Кровните градини покрај што ја зголемуваат естетската вредност на еден објект, влијаат позитивно на подобрување на глобалната микроклима во градовите, го намалуваат нивото на бука, влијаат на прочистување на воздухот, ја прочистува дождовницата а дури и воздухот внатре во објектот. Старата кровна конструкција доколку не штити доволно, протекува вода, и недоволно се заштитени внатрешните простории од надворешните влијанија (дожд, снег, ветер, сонце, високи температури, ниски температури, оган и др) и секако не поставување на соодветна инсталација придонесува до големи штети и долготрајни загуби. Протекувањето меѓу старите ќерамиди или испукани (канцерогени) стари салонитни табли, прават штета на целата куќа или објект.



Има решение!

Семпервел кровни градини квалитетно, трајно и одржливо решение, за многу похумано и поеколошко живеење. Наменет за приватни и јавни објекти, може да се изведува на куќи, згради и други рамни кровни површини, а ефектите се корисни не само за сопствениците на објектите, туку и за целата локална заедница. Иновативноста на Семпервел е што ги обединува во единствен процес сите три предходни фази на изведување на кровните градини кои досега се практикувале одвоено. Едноставен за монтажа, отпорен на екстремно ниски и високи температури, со дренажно акумулациони својства, овој производ може да придонесе кон масовно озеленување во нашите градови.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 10.02.2022 17:04:26