Футурама

Кинески сигурен тест за Ковид-19 со резултати за 4 минути

Кинески научници осмислија нов метод на тестирање за коронавирус, којшто е сигурен како и ПЦР-тестот, а дава резултати за помалку од четири минути, објави научното списание ,,Nature Biomedical Engineering”.



Резултатите од ПЦР-тестот, којшто е стандард за одредување на ковид-состојбата, обично се чекаат неколку часа. Истражувачите од престижниот кинески Универзитет Фудан во Шангај веруваат дека нашле успешна замена.

Се работи за сензор за анализа на примероци од ДНК собрани со брис кои овозможуваат да се добијат резултати за помалку од четири минути. Овој тест има „висока чувствителност“ и лесно може да се направи каде било.

Примероците од 33 лица заразени со коронавирус биле искористени за тестирање на уредот, истовремено со ПЦР тестови за да се направи заради споредба. На крајот од анализата, резултатите од уредот и резултатите од ПЦР тестовите биле исти.

Извор:  МИА
Објавена на 08.02.2022 13:15:15