7 причини зошто треба да јадете цвекло

Цвеклото на прв поглед изгледа како воопшто непримамлив корен, но во суштина е мошне здрав и корисен за нашето здравје. Доколку спаѓате во оние кои не го сакаат овој зеленчук, ви нудиме потсетник зошто истиот, што поскоро, треба да се најде во вашата исхрана.

1.Помага при анемија



Првиот совет кој ќе ви го даде секој лекар во случај на дијагноза на недостаток на железо во крвта е што почеста консумација на цвекло Заради железото со кое истото изобилува, овој зеленчук е добредојден и за време на менструалниот циклус.

Имајте на ум дека кога консумирате цвекло, било да го јадете свежо како салата, варено или пак како сок, треба да додадете малку свежо исцеден сок од лимон, со цел железото полесно да се апсорбира во телото.

2.Рудник на минерали

Цвеклото е богато со минерали како магнезиум, калиум, калциум, железо и сулфур. Исто така, може да се пофали и со групата на Б витамини, меѓу кои најмногу се истакнува фолната киселина, како и со витаминот Ц, заради што цвеклото претставува одличен избор за трудниците.

3.Подобра апсорпција на калциум

Заради присуството на сицилиум, цвеклото помага за подобра апсорпција на калциумот во телото, што пак придонесува за одржување на здравјето на коските, кожата, косата и ноктите.

4.Чистење на организмот

Во сурова, односно необработена форма, цвеклото содржи бетаин, детоксификациска состојка која одлично ја регулира работата на жолчката и му помага на најоптоварениот орган – црниот дроб.

Од вкупно 500 функции кои ги има жолчката, најважни се оние кои се однесуваат на отстранување на токсините и излачување на вишокот на хормони и масти, а токму во тоа, лековитото цвекло е нејзин голем сојузник.

5.Црвена боја против болести и тумори



Пигментот антоцијан, од кој цвеклото добива црвена боја, делува против разни болести, а воедно ги намалува клетките на туморот.

6.Го намалува крвниот притисок

Доколку се консумира редовно, цвеклото и сокот од цвекло делуваат врз намалување на крвниот притисок.

7.Поголема физичка издржливост

Сокот од цвекло, како и од останатиот зеленчук воопшто, е богат со нитрати - соединенија кои ја намалуваат потрошувачката на кислород при напор. Со редовна консумација нивното ниво двојно се зголемува, што влијае на зголемување на мускулната издржливост за време на тренингот.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 08.02.2022 12:47:43