Омнибус

Мистериозен црн дијамант оди на наддавање во „Sotheby's“

Црниот дијамант „Енигма“ од 555,55 карати, се нуди на повеќедневната аукција на „Sotheby's “ што започна вчера во Лондон.



Според аукциската куќа, ова е најголемиот брусен црн дијамант што некогаш се појавил на наддавање и најголемиот во светот според Гинисовата книга на рекорди од 2006 година. Таква дијамантска структура досега е најдена само во Бразил и Централноафриканската Република.

Според некои претпоставки, можно е овој дијамант да потекнува од Вселената.

Геологот Арон Селестијан од Природонаучниот музеј во Лос Анџелес, верува дека истражувањето на дијамантите може да ни каже многу за минералогијата на Земјата и за развојот на Сончевиот Систем. Се очекува примерокот да се продаде за цена меѓу четири и седум милиони долари. Сегашниот сопственик го поседува веќе 20 години. Наддавањето завршува на 9 февруари.

Извор:  МИА
Објавена на 04.02.2022 11:34:37