Три зачини за појак имунитет

Истражувањата покажуваат дека одредени зачини имаат одлични антимикробни, антибактериски и антивирусни својства. За да останете здрави, потребно е да го одржувате имунитетот силен, а во тоа значајно ќе ви помогнат следните зачини за кои е научно докажано дека помагаат во заштитата од настинки.

Лук

Иако има непријатна миризба, лукот треба да го воведете во секојдневната исхрана. Избегнете ги суплементите од лук бидејќи неговата природна форма е најздрава, најсигурна, повкусна, поефикасна и попристапна. Сепак, доколку земате лекови против згрутчување на крвта или се подготвувате за операција, посоветувајте се со лекар пред да косумирате големи количини на лук.

Ѓумбир

Ова е еден од омилените зачини во кујните ширум светот. Бројни истражувања докажале дека ѓумбирот го подобрува здравјето на целокупниот организам, а неговите антимикробни и антивирусни својства ќе ве одржат здрави сред сезоната на променливи временски услови. Ѓумбирот може да се додава во вид на вкусен зачин во разни јадења, а може да го консумирате и како чај.

Нане

Нането е природен извор на ментол, па чајот од нане помага при запушени синуси и воспалено грло. Секојдневната консумација на чај од нане ќе ви го зајакне имунитетот, а истражувањата покажуваат дека истиот е ефикасен и за намалување на телесната температура. Доколку не сте љубител на чаеви, ливчињата нане додавајте ги во салата, супа или варива.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 02.02.2022 14:07:17