Надал по 15-ти пат влегува во втората недела на Австралија опен

Петтиот светски рекет Рафаел Надал попладнево во третото коло на Австралија опен го победи Карен Хачанов – 6:3, 6:2, 3:6, 6:1. Шпанецот во меѓусебните дуели поведе со 8:0.



Надал шести последователен и вкупно 15. пат во кариерата се најде во втората недела на Австралија опен.

На Грен слем турнирите, 18. пат по ред стигна до четвртото коло – последен пат не играше во втората недела на Ролан Гарос 2016 година, каде испадна во третото коло.

Вкупно 20-кратниот грен слем шампион по 51-ви пат влезе во втората недела на Грен слем турнирите. Првиот пат кога стигна до оваа фаза беше пред 17 години на Австралија опен во 2005 година.

За место во четвртфиналето Надал ќе ги одмери силите со победникот од мечот Аслан Карацев – Адријан Манарино.

Извор:  МИА
Објавена на 21.01.2022 15:33:52