Манчестер јунајтед се откажа од трката за Холанд

Манчестер јунајтед испадна од трката за напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлин Холанд, објави „ESPN“.



Според изворот, 21-годишниот Норвежанец сака да се пресели во Реал Мадрид.

Манчестер јунајтед верува дека нема да може да го убеди напаѓачот и сака да се фокусира на алтернативни опции за засилување на нападот.

Така мадридскиот клуб стана главен фаворит во борбата за Холанд.

Во тековната сезона, норвешкиот репрезентативец за Борусија постигна 22 гола и имаше шест асистенции на 19 натпревари. Договорот на напаѓачот со клубот од Дортмунд е до 30 јуни 2024 година. Порталот Трансфермаркт ја проценува вредноста на Норвежанецот на 150 милиони евра.

Извор:  МИА
Објавена на 21.01.2022 14:32:18