„Врисок 5“ заработи 34 милиони долари и е на врвот на Бокс-офисот

Најновото продолжение на „Спајдермен“ (Spider-Man: The Road Without Return) до неодамна беше најгледаниот филм во кината низ светот, но викендов, петтиот дел на веќе култниот хорор-серијал „Врисок 5“ го симна од престолот.

„Врисок 5“ заработи 34 милиони долари за време на викендов и веднаш се најде на врвот на Бокс-офисот.

Многумина беа заинтригирани од враќањето на веќе познатите имиња и во петтиот филм, кои ги повторуваат улогите од претходните делови – Нив Кембел, Кортни Кокс и Дејвид Аркет и – Марли Шелтон, која првпат ја видовме во „Врисок 4“. Нови лица во приказната се ликовите на Џена Ортега, Мелиса Барера и Џек Квејд.

Режисери на филмот се Мет Бетинели-Олпин и Тајлер Жилет. Вес Крејвен, кој ги режираше првите четири дела почина во 2015 година на 76-годишна возраст.

Извор:  МИА
Објавена на 18.01.2022 12:03:20