Омнибус

Туркменистан ќе ја затвора „Портата на пеколот“

Туркменистанскиот претседател Гурбангули Бердимухамедов, одлучи да го затвори кратерот Дарваз, познат и како „Портата на пеколот“.



Според пишувањата, има повеќе причини за тоа, како што се штетното влијание врз здравјето на луѓето, губењето вредни ресурси на природен гас и оштетувањето на животната средина. Премиерот на Туркменистан добил задача да собере научници, а по потреба и странски консултанти за да се изнајде начин за гаснење на пожарот.

Јамата се создаде раните 1970-ти, откако земјиштето се урна поради советската експедиција за дупчење на природен гас. Научниците се обидоа со оган во дупката да спречат ширење на гасот, па оттогаш кратерот гори без престан.

Истиот потоа стана туристичка атракција, но претседателот на оваа земја, реши да ги затвори „Парите на пеколот“, според наводите на тамошните медиуми

Извор:  МИА
Објавена на 13.01.2022 12:52:48