ФОТО: Голата Мерил Стрип предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи

Холивудската легенда, Мерил Стрип (72) дигна голема прашина со нејзината последна улога во филмот „Don’t look up“.

Оскаровката, која е препознатлива по своите врвни филмски остварувања се појави како од мајка родена во една од сцените на филмот.



Голата позадина со тетоважа за кратко покрена лавина на коментари по социјалните мрежи. Многумина дури и поверуваа дека голата жена, која во сцената е свртена со грб, навистина е Мерил Стрип.

Сепак, колку и да е професионална и целосно посветена на своите улоги, Стрип во оваа сцена користеше двојничка која одлично си ја заврши својата работа.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 29.12.2021 17:24:24