Ковач пред отказ во Монако

Хрватскиот фудбалски стручњак, Нико Ковач може да го напушти Монако оваа зима. Според „Л’Екип“, причина за евентуалниот отказ може да биде недостатокот на напредок во тимот, како и се позаладениот однос помеѓу тренерот и играчите.



Сепак, одлуката може да биде одложена до крајот на сезоната.

Оваа сезона Монако има постигнато 29 поени на 19 првенствени натпревари во Франција, а исто така се пласираше во плејофот во Лига Европа како првопласиран во својата група.

Да потсетиме дека Ковач стана тренер на АС Монако летото 2020 година. Неговиот договор со клубот е до 2023 година.

Извор:  МИА
Објавена на 29.12.2021 10:14:24