Намалете го високиот крвен притисок со помош на природни намирници

За да го избегнувате покачувањето на крвниот притисок, треба да консумирате храна со низок процент на сол. Нутриционистите предупредуваат дека против високиот притисок треба да се борите со три моќни минерали: калциум, магнезиум и калиум. Токму следните природни намирници ќе ви помогнат во таа борба:

Грав



Во гравот се наоѓа значајна количина на калциум, магнезиум и калиум, кои делуваат врз високиот крвен притисок. Гравот може да го јадете варен, да го додавате во супите, во салатите или да го правите како пире.

Обичен јогурт

Овој млечен производ е одличен извор на калциум и други минерали кои позитивно делуваат врз нашето здравје. Започнувајте го денот со јогурт, но искористете го и за припрема на салати и житарици.

Киви



Освен што се полни со витамин С, кивите ќе ви помогнат при намалување на крвниот притисок. Најдобро е да ги консумирате свежи во овошни салати.

Банани

Со една средно голема банана ќе задоволите 12% од дневните потреби за калиум. Ова егзотично овошје е одличен сојузник во борбата против стрес.

Кељ

Овој лиснат зеленчук го нарекуваат суперхрана, бидејќи има многу повредни антиоксиданси, а истовремено многу малку калории. Младиот кељ најдобро е да го консумирате во салата.

Брокула

Сто грама брокула зготвена на пареа ќе ви овозможи 6% калциум, 8% магнезиум и 14% калиум за еден ден. Овој зеленчук е преполн со антиоксиданси кои се добри за здравјето, па мора редовно да го вметнувате во менито.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 28.12.2021 16:17:14