Футурама

Apple ќе претстави паметни телефони без користење СИМ картичка

Американската корпорација Apple се подготвува да лансира паметни телефони без физичка поддршка за СИМ картичка, објави популарниот веб-сајт за информации од мобилната технологија 9to5mac.

Епл преговара со мобилните оператори во САД, советувајќи ги да се подготват за лансирање на паметни телефони опремени само со виртуелна СИМ картичка (еСИМ). Тоа треба да се случи во септември 2022 година со презентирањето на идниот IPhone 14.

Компанијата веројатно ќе претстави IPhone без СИМ картичка само за американскиот пазар, како што тоа го направи со стандардот 5G mmWave, кој останува ексклузивен за САД.

Последните неколку генерации на iPhone можат да користат еСИМ, што може да се користи заедно со физичка наноСИМ картичка. Некои верзии на iPhone за Кина можат да поддржат две физички наноСИМ картички.

Извор:  МИА
Објавена на 28.12.2021 15:08:29