Рангник незадоволен од играта на Манчестер јунајтед против Њукасл

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник ги сумираше впечатоците од синоќешниот натпревар со Њукасл во 19. коло на шампионатот на Англија.



Средбата заврши без победник, 1:1.

-Не сум задоволен од нашето издание. Имавме премногу неизнудени грешки, а раниот гол не ги олесни работите. Во првото полувреме наметнавме борба, во второто бевме подобри, но тоа е прашање на енергија и кондиција и треба да бидеме подобри во овие области. Имавме шанси да постигнеме гол, но и Њукасл. Добро е што освоивме еден бод, бидејќи до 71 минута бевме во негатива. Нашите перформанси треба да се подобрат, изјави Рангник за „Би-би-си спорт“.

Манчестер јунајтед по 17 натпревари има 28 бода и е на 7. место во поредокот во Премиер лигата. Њукасл со 11 бода од 19 средби е на претпоследното, 19. место.

Извор:  МИА
Објавена на 28.12.2021 11:11:27