Милан сака да го продолжи договорот со Ернандез до 2026 година

Дефанзивецот на Милан, Тео Ернандез може да го продолжи договорот со клубот, тврди новинарот Николо Шира.



Според добриот познавач на италијанскиот фудбал, раководството на клубот од Милано е подготвено да му понуди на 24-годишниот Французин договор до летото 2026 година со годишна плата од 4,5 милиони евра.

Сегашниот договор, кој е со важност до 2024 година, на фудбалерот му обезбедува 1,5 милиони евра годишно.

Оваа сезона Ернандез одигра 20 натпревари за Милан на кои постигна два гола и пет асистенции.

Извор:  МИА
Објавена на 28.12.2021 11:09:28