Рангник: Марсијал ми кажа дека сака промена по седум години во Манчестер јунајтед

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник проговори за желбата на напаѓачот Антони Марсијал да го сменат клубот.

– Марсијал ми кажа дека сака промена по седум години во Манчестер јунајтед. Можам да го разберам неговото барање. Но, колку што знам, сè уште нема понуди од други клубови. Затоа Марсијал во моментов останува во Јунајтед, го цитира Рангник новинарот Сајмон Стоун.

Дваесет и шестгодишниот фудбалер оваа сезона постигна еден гол на 10 настапи за „црвените ѓаволи“.

Францускиот фудбалер пред да стане член на Манчестер јунајтед играше во својата земја за екипите на Монако и Олимпик Лион.

Извор:  МИА
Објавена на 27.12.2021 10:30:07