ФОТО: Меган и Хари конечно ги покажаа лицата на своите деца

Принцот Хари и неговата сопруга, Меган Маркл, веќе подолго време ги криеја лицата на своите деца од будното око на јавноста, па можеби затоа нивниот последен потег дојде како вистинско изненадување за многумина.



Парот ја сподели својата божиќна честитка, инаку семеен портрет на кој за прв пат може да се види 6месечната Лилибет, како и 2-годишниот Арчи. Фотографијата е дело на Алекси Лубомирски, кој воедно ги направи и фотографиите од свршувачката и венчавката на познатата двојка.

-Оваа година ја добивме нашата Лилибет. Арчи не направи ,,мама и тато’’, а Лили не направи семејство. Додека со нетрпение ја очекуваме 2022 направивме неколку донации во ваше име на организации кои ги почитуваат и заштитуваат семејствата - од оние кои се преселени од Авганистан до американските семејства на кои им треба платено родителско отсуство“, напишаа Хари и Меган.

Во минатото парот беше мошне критикуван поради тоа што многу ретко го покажува лицето на малиот Арчи, а се најде на мета на уште поголема критика по раѓањето на Лилибет, која воопшто не беше покажана во јавноста.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 23.12.2021 16:45:57