ВИДЕО: Кога Николас Кејџ го глуми Николас Кејџ

Холивускиот актер Николас Кејџ има нов филм, кој што е поинаков од се што досега сме гледале од него. Комичниот трилер ,,The Unbearable Weight of Massive Talent”, чија премиера е на 22 април следната година, е приказна во која Кејџ на некој начин се глуми себеси.

-Ник Кејџ е измислена верзија на Ник Кејџ, вели оскаровецот.

-Ликот се чувствува неисполнето и се бори со одбивањето кое често се случува во мал град како што е Холивуд. Сепак, тоа не сум јас. Јас се чувстувам мошне добро околу нештата.

,,The Unbearable Weight of Massive Talent” го следи актерот Ник Кејџ, кој прифаќа понуда од милион долари, за да биде дел од роденденската забава на крими босот и негов најголем обожавател, Хави (Педро Паскал). Што се случува за време на нивното заедничко дружење, останува допрва да дознаеме.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 16.12.2021 13:16:49