Храна која ќе направи да се чувствувате среќно

Некоја храна ни е многу вкусна, но не ни е доволна за да не направи среќни. Сепак, постојат и такви намирници кои докажано ни го подигнуваат расположението и тоа инстантно. Па затоа, ако не ви е денот, слободно посегнете по некои од следните:

Јаткасти плодови



Триесет грама ореви содржат 4гр протеини и 2гр влакна, што е одлично за подобрување на расположение. Исто така јаткастите плодови се одличен извор на магнезиум, па една дланка на ден ќе ве одржува и здрави и среќни.

Кељ

Многу малку фамилии го практикуваат кељот во секојдневната исхрана, но време е да размислите за негово воведување. Содржи витамин А, витамин С, витамин К и магнезиум, а воедно е и одличен извор на влакна. Кељот содржи бакар, што е одличен за нашите витални функции.

Школки



Многумина од нас ја обожаваат морската храна. Особено школките имаат многу мал број на калории и се добри за консумирање бидејќи ја подобруваат циркулацијата. Содржат омега 3 масни киселини, кои се особено добри за нашето здравје.

Темно чоколадо

Ова е најдобриот подобрувач на вашето расположение. Не само што ви дава инстантно задоволство од вкусот што го нуди, туку со самото внесување ви се подобрува расположението.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 16.12.2021 11:50:01