Критики за Бен Афлек: Беше пијан пред да ја запознаеш!

Холивудскиот актер, Бен Афлек, се најде на мета на критика поради еден коментар направен на сметка на неговиот неуспешен брак со Џенифер Гарнер. Афлек, кој во минатото имаше проблем со алкохолот, во шоуто на Хауард Стерн рече дека најверојатно се уште би пиел, доколку не се разделел од Гарнер.

Оваа забешка не помина глатко кај обожавателите, кои веднаш го нападнаа поради тоа што не презема одговорност за своите постапки.

-Ја обвинуваш бившата за пиењето? Беше пијан пред да ја запознаеш!, вели еден од коментарите.

Бен и Џенифер се разделија во 2015-та, само еден ден по нивната 10-годишнина. Бен сега е во врска со Џенифер Лопез, со која претходно беше во врска во далечната 2002-ра. Актерот призна дека пред да и се врати на својата некогашна девојка, имал дилема дали да го направи тоа поради тоа што знаел дека медиумите постојано ќе му бидат зад грб.

Извор:  МИА
Објавена на 15.12.2021 10:24:22