Футурама

ВИДЕО: Морничава роботска глава прави човечки движења

Хуманоидните роботи со години се тема на научно-фантастичните филмови. Сега, роботите слични на човекот стануваат реалност - а најновиот од Engineered Arts е еден од најреалните досега.

Роботската глава, наречена Адран, има 22 прилагодени активатори кои и овозможуваат да ги движи очите и устата исто како човек.

Морничаво видео од Адран во акција ја покажува роботската глава како намигнува на камерата, ја движи вилицата, па дури и се насмевнува.

Engineered Arts го објави видеото на својот канал на YouTube, иако признава дека треба уште работа пред Адран да биде целосно подготвен. Адран е она што Engineered Arts го опишува како „Месмер“, систем за градење реални хуманоидни роботи кои се моќни, елегантни и исплатливи.

Според компанијата со седиште во Корнвол, роботите Месмер можат да прикажат огромен опсег на човечки емоции и можат да бидат направени да изгледаат како секого.

-Секој робот Месмер е дизајниран и изграден од 3D скенирања на вистински луѓе, што ни овозможува убедливо да ја имитираме структурата на човечката коска, текстурата на кожата и изразите, велат од компанијата.

Сепак, не откриваат колку чини за да се направи еден ваков робот.

-Бидејќи сите наши роботи се приспособливи – со безброј достапни опции – немаме фиксна цена. Повеќе од шолја кафе. Помалку од остров!

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 13.12.2021 17:35:23