Знаејки кои се придобивките што се добиваат од коњичкиот спорт и фактот дека истиот е реален недостаток во нашата држава, пред 20 години го формиравме коњичкиот клуб ,,Процес” од Скопје. Во нашиот клуб може да се поминува квалитетно време посветено на активностите поврзани со коњите. Во основа на целата приказна за коњичкиот клуб ,,Процес” е љубовта кон животните, особено коњите.
Еднаш кога ќе се запознаете со ова прекрасно животно и ќе почнете да го осознавате светот на коњите, сфаќате дека тоа е љубов за цел живот. Посебна е среќата кога можеш да го исполниш сонот на многу други и да им дадеш можност да се запознаат и научат нешто повеќе за коњите, да ги негуваат, а искрените насмевки и воодушевувањето на децата после јавањето се она што сите овие години не одржува како клуб.
Дополнително на сето ова е љубовта и вниманието кои коњите секојдневно ги добиваат од членовите на нашиот клуб, каде заеднички поминуваат време во прошетка, тренинг, гушкање, плетење плетенки и ги наградуваат со десерти.
Успесите на нашите членови, независно дали е во прашање постигнување на спортски резултат или пак совладување на основните јавачки вештини, се инспирација која постојано ни дава мотив да продолжиме понатаму со цел да ги приближиме коњите и коњичките спортови до што поголем број љубители на истите.
Коњичкиот клуб ,,Процес” се наоѓа во Скопје, населба Маџари, веднаш до полициската станица за дресура на кучиња. Во Скопје сте, а сепак во природа, далеку од градската врева и на чист воздух. Преовладува чувството дека сте на излет. Со пребарување на google maps, доволно е да напишете коњички клуб процес или horse club proces и ќе ја добиете точната локација. Информации за клубот може да се добијат на www.proces.mk. За закажување посета или термини за јавање може да се обратите на 077 600 666 или да пишете на email: info@proces.mk. Може да нe следите на социјалните мрежи Instragram и Facebook.
Коњичкиот клуб процес во овој момент ги нуди следните содржини:
1.Школо за јавање
Обуката на деца и возрасни e доверена на школувани инструктори со повеќегодишно искуство. За време на обуката корисниците стекнуваат основни знаења за коњите, јавањето и сите придобивки од овој спорт.
2.Рекреативно јавање
Јавањето само по себе е релаксирачка активност поради природниот ритам на движење на коњот. Движењето на коњот може да имат ефект на масажа што ја подобрува циркулацијата и го опушта јавачот. Овој смирувачки ефект е дополнително зајакнат додека јавачот поминува време надвор и вежба; и двете придонесуваат да се ослободите од стрес. Сето ова може да го искусите со рекреативното јавање.
3.Тренинзи за напредни јавачи
Јавачите со претходно стекнато искуство во јавање може да го надградуваат веќе стекнатото знаење и дополнително да работат на основите на дресурното јавање и препонското јавање.
4.Тренинзи за спортисти
Клубот за коњички спортови ,,Процес” е еден од најстарите и најуспешните клубови во нашава земја. Во текот на годините, клубот има создадено десетици значајни натпреварувачи од сите возрасни групи во дисциплината прескокнување пречки.
5.Сместување на коњи
Во рамките на своето функционирање, клубот овозможува шталско сместување на коњите, нивна исхрана и нега. На располагање се терени за јавање, тренинг и натпреварување, како и сета придружна опрема за изведување на истите.
6.Прослави со уникатни доживувања
Ако сакате поинакво и незаборавно искуство во прославувањето на вашата посебна пригода, без разлика дали тоа е роденденска забава, моминска или ергенска забава, или каква било пригода за прослава, клубот нуди можност за организирање на прослави со јавање и прошетки во природа со коњи погодни за деца и возрасни. Располагаме со двор, места за седење, тревник, маси, столчиња, сенка, зеленило, тоалети и чајна кујна.
7.„Тим билдинг”
Добро познат факт е дека клучната компонента на успешен бизнис е добриот и функционален тим. Имајќи го тоа на ум и самите како тим, нудиме можност за „тим билдинг” кој ќе ја зачини атмосферата во вашето друштво. Ќе доживеете поинакво искуство, нешто што навистина ќе ви го разубави денот, што ќе ве доведе во ситуација да работите како тим за конечно да го ослободиме тој авантуристички дух присутен во сите нас. Време поминато во природа, дружење и запознавање со коњите, јавање и ред други активности кои може да се прилагодат на потребите на клиентот се идеални за да го имате најдоброто можно искуство за градење тим.
8.Фотосесии
Општо познато е дека не постои пограциозно животно од коњот. Во дигиталната ера се почесто се закажуваат термини за фотосесија на модел или одреден производ. Со гордост може да кажеме дека освен како миленици коњите во нашиот клуб се докажани фотомодели.
Постојат милион начини да бидете со и покрај коњите.
На вас останува да изберете, а ние со сигурност знаеме дека времето поминато во седло е искуство кое секој заслужува да го доживее.