Футурама

Маск размислува да стане инфлуенсер

Илон Маск, извршен директор на „Тесла“, на Твитер објави дека размислува да ги напушти сите свои работни места и да стане инфлуенсер.



-Размислувам да се повлечам од мојата работа и да станам инфлуенсер со полно работно време“, напиша Маск, без дополнителни објаснувања.

Маск, кој е и основач и извршен директор на „Спеј-Икс“, го води и „Неуролинк“ и „Боринг компани“. Во јануари изјави дека верува оти „неколку години“ ќе биде извршен директор на „Тесла“.

– Би било убаво да имам малку повеќе слободно време наместо да работиме цели денови и ноќи – седум дена во неделата, од мигот кога ќе се разбудам до одење вo кревет. Тоа е прилично напорно!, рече Маск тогаш.

Маск минатиот месец ги праша своите следачи на Твитер дали треба да продаде 10 отсто од својот удел во „Тесла“, на што повеќето одговорија потврдно. Тој потоа продаде акции во вредност од речиси 12 милијарди долари.

Извор:  МИА
Објавена на 10.12.2021 10:52:18